Егоров на Македонија и донесе бронза на Медитеранските игри во Оран

Владимир Егоров (борење-слободен стил) го победи Абделхак Хербаче од Алжир со резултат 7:2 и го освои бронзениот медал на МИ ОРАН 2022.

Егоров поведе со 1:0, но воден од публиката, алжирскиот борач поведе со 2:1. Сепак, на 20 секунди до крајот на борбата, Егоров тргна на се или ништо и освои, во три последователни акции, шест поени и го победи алжирецот со 7:2.

Со ова Егоров го освои првиот медал - бронзен за Македонија на Медитеранските игри Оран 2022.