Еко-свесни и одржливи на уникатен начин со ApoXylo

Нов еко-бренд на нашиот пазар го привлече вниманието на јавноста.ApoXylo е целосно еколошки одржлив бренд на рачно изработени чанти и додатоци за животниот стил, за чија изработка се користи ткаенина од плута која доаѓа директно од Португалија.

Најпрвин, запознавање со името на овој уникатен бренд, „Apoxylo” едноставно  значи „ сè од дрво“. Колекцијата вклучува најразлични модни додатоци: Чанти, ранци, привезоци, прстени, изработени во комбинација на материјали од маслиново дрво и зебрано дрво со плута од дабови дрвја.

Посебен акцент и она што ги издвојува како уникатен бренд е колекцијата на накит обетки, прстени, ѓердани изработени од овој специфичен еко-материјал, наменети за активни, самоуверени и еко-свесни генерации чиj животен стил го вклучува позитивното влијание врз животната средина.

Што е уникатноста на еко-пристапот во создавањето на колекциите на „Apoxylo”?

Екстракцијата на кората со која се добива основната суровина е обновлив процес кој не му штети на дрвото. Всушност, бербата на плута помага да се зголеми животниот век на дрвото. На секои девет години има нова кора што треба да се отстрани. Она што ја прави плутата уште поодржлива е тоа што е потребна само мала обработка по нејзиното извлекување.

„Целта е да го направиме светот подобро место за живеење, без пластика и без индустриски моден отпад. Од рециклирање до одржливост, нашиот приоритет треба да биде како влијаеме врз животната средина и каков отпечаток оставаме со изборот што го правиме, секојдневно. Ние како оддржлив бренд ја поддржуваме филозофијата на „бавна мода” која исклучиво користи материјали директно од природата без да  наштетува на природата“ – стои во мисијата и визијата на брендот.

Колекциите на ApoXylo ќе ги најдете во East Gate Mall. Дополнителна инспирација за сите идни модни eко-фанови на ApoXylo се промотивните 20% попуст кои ги добиваат со принципот замена „старо за ново“ односно, со приложување на стара чанта која понатаму ќе биде рециклирана да добијат нова од природни материјали и со тоа активно да придонесат кон зачувување на животната средина.

Изберете класичен и безвременски дизајн, кој во фокус ќе ги има природата и иднината. Изберете ApoXylo.


пр објава