Екс цимерот ја откри валканата тајна на Брет Пит: Еве што правеле во двособен стан, па се чувствувало на далеку
Пред да стане славен, Бред Пит живеел во двособен стан во лош дел на Лос Анџелес, со познат актер и уште еден маж. Сега се појавија тајните на нивниот цимерски живот. Џејсон Пристли, кој го видовте во улогата на Брендон Волш во хит серијата од деведесеттите „Беверли Хилс, 90210“, откри што никој не знаеше за славниот актер.
Актерот Џејсон Пристли неодамна гостуваше во емисијата „Во живо со Кели и Марк“ и се потсети на заедничкиот живот со Бред Пит, за кој рече дека е пристоен цимер, но нешто друго му оставило најсилен впечаток.
„Порано ја игравме таа игра за да видиме кој може да помине најдолго без да се тушира“.
Запрашан од водителот кој може да помине најдолго без да се тушира, Пристли одговори: "Бред. Секогаш Бред. Мислам дека веќе не го прави тоа, но тогаш можеше да помине долго време без да се тушира".
Кели Рипа се обиде да ја најде добрата страна на тоа, па им честиташе на Бред Пит и на неговиот поранешен цимер за „штедењето вода“.
Во 2014 година, Џејсон Пристли, исто така, изјави за „Холивуд репортер“ за споделување стан со познат колега: „Живеевме од тестенини и генеричко пиво, она што доаѓа во бели лименки со натпис ПИВО на него, и цигари“, пренесува huffpost.com