Елегантна и џентлментска фризура за секој деловен и модерен маж
Денес мажите носат различни типови фризури и навистина е тешко да се издвои која фризура е најдобра и најпопуларна.
Но, доколку сакате да изгледате секогаш отмено и џентлментски во секоја прилика и ако сакате да оставите деловен и бизнисменски впечаток каде и да се појавите, а истовремено да изгледате модерно, тогаш дефинитивно оваа фризура е за вас.
Тимот кој стои позади популарниот канал „Slikhaar TV“, преку туторијал покажува што се’ е потребно за да се направи оваа фризура. Станува збор за фризура со средна должина, која бара најмногу труд од фризерот, но и од ножиците. Поентата е косата од страна на главата да е куса, но не претерано, па затоа се користи машинка која се користи на минимум, додека косата на темето треба да биде со средна должина. Исто така, шишките треба да ги оставте да паѓаат преку челото, за подоцна да можете да си поигрувате со косата и да ја обликувате по желба.
Па, пред да се одлучите за ваква фризура, потребно е да имате коса со средна должина која можете да ја обликувате и стилизирате токму на овој начин. Погледнето го видеото за да видите како изгледа оваа фризура, како се прави и како мажите се трансформираат во вистински заводници.
Видеото може да му го покажете и на вашиот фризер за да му ја олесните работата, да ве разбере што сакате и подобро да ви ја реализира вашата желба.