Елиф Елмаз за титулата на Наполи: „Доаѓаме од мали земји како Македонија, Словачка, Грузија... а испишавме историја!“

Еден од фудбалерите од Македонија со најголемо срце, Елиф Елмас заедно со соиграчите го прослави освојувањето на шампионската титула во Серијаta А. 

Синоќа фудбалскиот клуб Наполи одигра 1-1 на гости против Удинезе и веќе е недостижен на врвот на табелата во пресрет на последните пет кола.

Елмас е вториот Македонец, кој освои „скуде“ во Италија, прв беше Горан Пандев, а тој по освојувањето на шампиопнската титула на Инстаграм напиша:

„Доаѓаме од земји како Македонија, Грузија, Словачка, Косово, Нигерија, Камерун и останатото е историја. Сонот се оствари за Наполи“.

View this post on Instagram

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)



View this post on Instagram

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)



Фото: Инстаграм - Елиф Елмаз