Тренд // Стил
Елка од бајките: Домот на Здравко Чолиќ е вистинска празнична магија
- 30 Декември, 2020 10:00

Уна Чолиќ, ќерката на музичката sвезда, Здравко Чолиќ, прикажа дел од новогодишната атмосфера во нивната семејна вила на Дедиње.
Имено, Уна на својот Инстаграм профил покажа како изгледа елката, која е украсена со разни детали и светилки а под неа се наоѓаат фигури на Дедо Мраз.
Вилата во Чолиќ има вистинска празнична атмосфера и сè е подготвено за дочекот на Новата 2021 година, а сите беа воодушевени од изгледот на огромната елка и украси.
Инаку, пејачот со неговата сопругата Александра и ќерките Уна и Лара живее во тивок дел на Кошутњак во луксузна вила.
- Горд сум на моите ќерки, како и на секој татко. Тука сум да ги поддржам и да им ги исполнам желбите - истакна Чола во една пригода.
Фото: В.Тануровски