Спорт // Спорт
Елмас има ист број на настапи како и Пандев во Наполи
Македонскиот фудбалски „дијамант“, Елиф Елмас со настапот против Торино, го запиша 124. натпревар во дресот на клубот од Неапол.
Елмас, кој има 22. години, го израмни рекордот на Горан Пандев кога своевремено поранешниот македонски репрезентативец настапуваше за Наполи.
Пандев и Елмас имаат по 124 настапи за Наполи, но со сигурност е дека Елмас и ќе го надмине поранешниот капитен на македонската репрезентација.