Елмас: Националниот дрес е мотивација, комплетно фокусирани на победа против Фарски Острови
Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар Македонија - Фарски Острови (18:00ч.) на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје, прес - конференција одржаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Елиф Елмас.
Елиф Елмас - репрезентативец на Македонија:
“Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за Македонија. Така ќе биде и утре со Фарски острови. Јас за репрезентацијата секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам само за Македонија. Секогаш се трудам да го дадам максимумот”.
“Утре нѐ чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го направиме тоа што ќе се договориме и тоа што го бара селекторот од нас”.