Елон Маск моли момче да престане да го следи неговиот приватен авион: „Ќе ти дадам пари“
На Твитер страницата на Елон Маск Џет, управувана од
19-годишниот Џек Свини, можете да го видите движењето на приватниот авион на
Маск, користејќи ботови кои ги следат јавно достапните податоци за воздушниот
сообраќај.
Свини на својот профил ја објави кореспонденцијата од разговорот со Маск, кој го контактираше есента минатата година, со барање да го исклучи профилот.
„Можеш ли да го деактивираш ова? Тоа е безбедносен ризик“, напиша Маск.
„Да, можам, но тоа ќе ве чини колку моделот 3“, одговорило 19-годишото момче.
Маск му рекол дека не сака да се занимава со „лудаци“, но на крајот сепак му понудил 5.000 долари.
„Дали има шанси да се зголеми на 50.000 долари? Тоа би ми помогнало со факултетот и можеби би ми овозможило да купам автомобил, можеби дури и модел 3“, праша Свини.
Маск му рече дека ќе размисли, но оттогаш не одговори.
Landed in Austin, Texas, US. pic.twitter.com/4l7tKiUspp
— Elon Musk's Jet (@ElonJet) January 26, 2022
Фото: Твитер
Фото насловна: Youtube- screenhsoot - Top 10s