Емил Рајковиќ нов тренер на ЦСКА Москва, големо признание за македонскиот кошаркарски стручњак

Стигна официјална потврда, македонскиот стручњак со трансфер на кариерата, ќе ги предводи „црвеноармејците“.

Трофејниот македонски стручњак потпиша договор на 1+1 сезона, а ангажманот во рускиот гигант е убедливо најголем успех на еден македонски тренер во историјата.

До него Емил Рајковиќ дојде апсолутно заслужено ако се има предвид неговата тренерска кариера и досегашните успеси.

Нашиот стручњак во ЦСКА доаѓа по успешната сезона со екипата на Автодор Саратов која поради  суспензијата на руските клубови во ФИБА натпреварувањата го спречи да ја заврши кампањата со трофеј.