Емотивна порака од актерот после разделбата со познатата пејачка
Ѕвездата на филмовите „The Hunger Games“ Лијам Хемсвот, кој после 10 години се раздели со својата поубава половина, пејачката Мајли Сајрус, објави емотивна порака во која наведе дека не лут и дека и посакува се најдобро во животот.
Всушност,
австралискиот актер (26) и пејачката Мајли Сајрус (26) се разделија после 10
годишна врска и после помалку од година дена брак.
Лијам деновите не сакаше да коментира ништо пред медиумите за нивниот развод, но сега се одлучи да го прекине молчењето.
„Здраво на сите. Само сакав кратко да ви се обратам и да ви кажам дека јас и Мајли неодамна се разделивме и дека и посакувам многу здравје и среќа во следниот период“ – напиша актерот на својот Инстаграм профил.
Тој додаде дека тоа што се случило помеѓу нив е приватна работа и дека за тоа нема да зборува пред ниту еден медиум.
„Сите извештаи во кои се наведува дека се мои изјави, се лажни. Љубов и мир“ – порача актерот на крајот од пораката.
За време на викендот, се објави вест дека парот не е повеќе заедно и со неверојатан брзина се најде на сите насловни страни на светските медиуми. Медиумите пишуваат дека Мајли веќе паднала во друга прегратка, но овој пат тоа не е кај маж, туку кај жена.
Мајли заминала на одмор со својата неодамна разведена пријателка Кејтлин Картер, со која е фотографирана како разменуваат нежности.