Енцо Фернандез е нов играч на Челзи со рекорден трансфер, се чека потврда од лондонскиот клуб

Челзи се сложил на трансфер за Енцо Фернандез иако од клубот нема потврда за договорот со Бенфика, рекорден во Велика Британија и изнесува 120 милиони евра.

Медиумите во Велика Британија веќе објавија дека договорот е постигнат, иако засега нема официјална потврда од двата клуба, се чека на официјализирање на рекордниот трансфер.

Интересно е дека од овој трансфер, убаво ќе профитира и Ривер Плата која ќе добие 25% од оваа сума.

Фернандез имал медицинските прегледи во Лисабон, и според повеќе медиуми, потпишал договор до јуни 2031 година.

Претходно најскап трансфер во Премиер лигата беше ланскиот премин на Џек Грилиш од Астон Вила во Манчестер Сити.