Ендокринолошки пакети во КБ ,,Аџибадем Систина“ – прецизна евалуација преку мултидисциплинарен пристап

Eндокриниот системе комплексен систем кој ги вклучува панкреасот, тироидната жлезда, паратироидната жлезда, епифизата, хипоталамусот, надбубрежните жлезди, хипофизата, машките и женските репродуктивни органи, како и сите други органи кои метаболизираат хормони.

Нарушувањата на ендокриниот систем најчесто се резултат на хормонски дисбаланс кој кај секој организам се манифестира на различен начин.Ова нарушување може да покажува различни знаци и симптоми, преку различни органи кај човекот, а многу често на луѓето им треба подолго време за да ги утврдат симптомите и да го откријат проблемот.

Затоа често луѓето се прашуваат зошто не можат да ослабат и покрај редовното вежбање и правилната исхрана, зошто чувствуваат постојан замор, иако спијат доволно или од друга страна, зошто имаат тешкотии при спиењето. Зошто кај нив се јавува непријатно чувство, односно нетолеранција на повисоки или пониски температури, кожата и косата им се многу суви или масни, имаат постојано забрзано или забавено отчукување на срцето и многу други симптоми кои може и секојдневно да се чувствуваат, а укажуваат на одредено нарушување на некој дел од ендокриниот систем во организмот.

Сето ова ја создава потребата за редовни контроли на соодветните параметри, со цел превенција или евентуален третман доколку се утврди состојба на некое метаболичко заболување.

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ ја препозна потребата на пациентите целосната проверка, дијагноза и медицински совети за понатамошен третман да ги добијат на едно место, така што креираше 3 нови ендокринолошки пакети со кои се прави целосна метаболичка евалуација на организмот.

Првиот пакет, следејќи ги актуелните светски здравствени официјални препораки, ги содржи сите параметри кои секој човек треба да ги проверува и следи во текот на својот живот, по препорака еднаш годишно, пред сè, како превенција од некои посериозни нарушувања, особено во држава како нашата каде што преваленцата на метаболички заболувања е висока. Преку проверка на параметрите од првиот пакет се прави евалуација на дебелина и ризик од метаболички заболувања. Овие испитувања се прават еднократно и се доволен показател за целосно утврдување на ендокринолошката и метаболичката состојба на организмот.

Се препорачува овој пакет да се направи дури и кога не постојат некои изразити симптоми кај пациентите. Постојат ситуации кога симптомите што нарушувањата на ендокриниот систем може да ги предизвикаат може многу тешко да се препознаат ако не се направат овие испитувања. 

Вториот и третиот пакет претставуваат следење на состојбата на пациентот во времетраење од 6 месеци. Вториот пакет, покрај целосната евалуација, вклучува и основна интервентна програма за справување со дебелина и метаболички заболувања додека третиот пакет, како најсодржаен, покрај евалуацијата содржи и мултидисциплинарна интервентна програма за справување со дебелина и метаболички заболувања.

Во новите ендокринолошки пакети на КБ „Аџибадем Систина“, преку  мултидисциплинарен пристап, вклучен е професионален тим, составен од специјалист по ендокринологија и други специјалисти кои работат на оваа проблематика – специјалисти за интерна медицина, кардиолози, специјалисти по нуклеарна медицина, нутриционист. Во пакетот дополнително е вклучено и советување со професионален фитнес-тренер од PremiumPhysical Therapy and Sport Center во кој доколку пациентите искористат кој било од трите нови ендокринолошки пакети, со цел целосна евалуација на состојбата на организмот, добиваат и 30% попуст на членарината во Премиум центарот.

ПР објава