Енергетска одржливост за успешна електрична мобилност предводена од Порше Македонија
Порше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови Турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење.
Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 13 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Турбо полначи со капацитет од 160kW, 5 полначи со моќност од 22 kW, 5 полначи со моќност од 11 kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Ова значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.
Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути.
“Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 13 станици за полнење, но набрзо очекуваме да ги инсталираме преостанатите 4 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе изнесува повеќе од 500 kW.” – изјави д-р. Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.
Инсталирана фотоволтаична централа со капацитет од 210kW.
Со активацијата на фотоволтаичната централа, 42.4% од вкупната потрошувачка на електрична енергија е обезбедена од производството на фотоволтаичната централа. Дури 204.616 MWh од вкупно 482.513 МWh, колку што изнесува предвидената потрошувачка на електрична енергија за една календарска година ќе биде произведена од природен извор на обновлива енергија.
Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност. Доказ за тоа, не се само инсталираните брзи полначи во рамките на компанијата.Во изминатиот период, како дел од проектот Porsche Destination Charging беа инсталирани 16 полначи на 8 клучни точки низ целата држава.
Електричните возила се иднината на мобилноста и затоа мора активно да се работи на градење на инфраструктурата, за што побрзо да се заменат возилата со мотори на внатрешно согорување, кои влијаат штетно на животната средина.
ПР објава