Спорт // Спорт
Енис Барди потпишува за Трабзонспор, договор на три години
Енис Барди и Леванте официјално ќе се разделат, следува потпис на македонскиот репрезентативец со Трабзонспор.
Според турските медиуми, Барди ќе потпише договор на три години, тој треба да ги заврши медицинските прегледи и потоа потпишува за клубот од Турција.
Барди, кој има 27 години, во Трабзонспор оди за сума од три милиони евра, плус бонуси.