ЕП- Б дивизија: Македонија во четвртфиналето на шампионатот по победата над Грузија
Во клучниот меч од групната фаза, машката селекција на Македонија до 20 години ја победи Грузија со 76:73 за место во „осумката“ најдобри на Европското првенство Б-дивизија.
Во натпревар исполнет со голем број на резултатски пресврти, на крајот и неизвесна завршница, избраниците на селекторот Никола Василев беа подобри од домаќинот на првенството Грузија. И со скор од три победи и еден пораз, како второпласирани во групата „Б“ (зад непобедената Шведска) ќе играат во четвртфиналето.
Грузија беше подобра екипа во првото полувреме. Домаќините на турнирот имаа постојана предност која во средината на втората четвртина беше и преку двоцифрена.
Во 17.минута, Грузија водеше со (43:31).
Но благодарение на нешто побрзата игра во нападот, и креативноста на Савиќевиќ, успевме да се извлечеме од тој кризен период. Негативата ја преполовивме, имавме – 6 (37:43), но и неколку нереализирани акции тоа да биде уште „пониско“.
Не ги искористивме своите прилики, а по уште некои чудни судиски одлуки, на полувремето заминавме со непто повисок минус (37:44), по досудениот „флопинг“ на Златев.
Индивидуално, по одличниот почеток, Андоноски „закочи“ на десет поени, Хот имаше осум, но беше половичен од линијата за слободни фрлања (4/8). Имавме далеку од добри 20% за три поени (2/10).
Одигравме одлично во најголем дел од третата четвртина. Поточно седум минути. Или оние во кои направивме вистински играчки и резултатски пресврт.
Го добивме она што ни недостасуваше во првото полувреме. Подобар процент на реазлизација, особено во шутот за три поени. По двете, по ред, на Петрушевски, во 27. минута Македонија премина во водство, (57:53).
И само две невниманија во одбраната по кои примивме две тројки, одново нè вратија во резултатската негатива, за среќа не голема. На влезот во последниот и решавачки период, Грузија водеше со минимални (59:57).
Уште еднаш успеавме да го вртиме водството на нашата страна. На средината на последната делница, водевме со (67:65).
На три минути пред крајот имавме навидум „добиен меч“. Предност од пет поени (70:65), грогиран противник кој не знаше што и како со себе. Но влеговме во нова серија на грепки, и нереализирани обиди, кои скапо можеа да нè чинат. Данаиловски и Савиќевиќ проопуштија можност(и) за мирна завршница.
Стана драматична откако грузија даде две тројки и дури успеа да израмни на (73:73). Савиќевиќ беше оловичен од линијата за слободни фрлања за ново наше водство (74:73), пред Петрушевски да го има потегот на вечерта. Да ја украде клучната топка, да асистира до Миловановиќ кој положи за (76:73). Но имаше уште 11.секунди во кои Саларидзе не погоди за нов егал, а иако Петков не ги реализира двете слободни фрлања, имавме и посед плус. Доволно за да се одбраниме, да победиме, и да одиме понатаму. Кон местата кои носат медал и промоција во „А“ Дивизијата“.
Савиќевиќ и Андооски завршија со по 14.реализации, Петов имашпе 13, а Петрушевски уште десет поени во нашиот тим, кој го чека својот ривал во елиминациите кои ќе се играат на 22. јули. Но извесно е дека тоа ќе биде селекцијата на Естонија, како најдобра од групата „А“.