Епска борба меѓу мангус и кобра на пистата ги запре авионите: Суперсоничен е и отпорен на отров од змија
Секој би ѝ се тргнал од патот на кралската кобра, но не и овој мал, бестрашен мангус. Не ја остави на мира, „боцкаше“ од сите страни...
Кобра и мангусот ја третираа авионската писта како боксерски ринг, злобно напаѓајќи се едден со друг предизвикувајќи хаос на аеродром во Индија.
Полетувањето на авионот било одложено откако пилотот ги забележал суштествата како се „тепаат“ на пистата во Патна, Бихар. Судирот на видови, наводно, се случил на аеродромот Ј Пракаш Нарајан, објави Џем прес.
На видеото, направено од прозорецот на авионот, може да се види како кобрата удира во мангусот додека молскавично крзненото суштество се обидува да ги избегне отровните напади.
Натпреварот изгледа прилично изедначен додека не пристигне коњицата: две други мангусти притрчаат на помош на својот другар, навидум насочувајќи ја изедначената борба во корист на цицачите.
Иако не е јасно кој борец излегол победник, мангустите генерално имаат предност поради нивните суперсонични рефлекси и природна отпорност на отровот на кобрата.
Всушност, експертите проценуваат дека овие мили суштества победуваат од 75 до 80% од борбите со нивните ладнокрвни конкуренти. Конфликтите на мангус-кобра се доста чести во дивината, каде што двата вида се борат за ист плен, а исто така се јадат еден со друг, објави Economic Times Of India.
Познато е дека змиите со задоволство ловат младенчиња мангуси, додека мангустите ловат и јадат кобри, кои најчесто ги фаќаат гризејќи ги на задниот дел од главата.
Всушност, ова старо ривалство на животинското царство стана нашироко познато преку расказот „Рики-Тики-Тави“ на Радијард Киплинг од 1894 година. Во него, храбриот мангус го брани својот човек од заканувачка кобра.
(Telegraf.rs / Њујорк пост)