ЕПСКО ФИНАЛЕ: АРГЕНТИНА Е СВЕТСКИ ПРВАК !

Аргентина е нов светски првак откако во епското финале во Катар, по 120 минути игра, шест гола, пеналите го решија победникот.

За Аргентина ова е трета титула, прва по 1986 година, Меси оди во репрезентативна пензија со титула од мундијалот во Катар!

Килијан Мбапе постигна четири гола, но Франција не успеа да ја одбрани титулата, Аргентина заслужено до титулата светски првак.


Аргентина водеше со 2-0 со головите на Меси од пенал и Ди Марија. Во вториот дел се разбуди Франција и со головите на Мбапе за само 90 секунди во периодот од 80 до 81 минута, стигнаа до 2-2.

Меси во 109 минута повторно ја носи Аргентина до предност, но Мбапе со својот трет гол ја однесе средбата во пенал серија.

Мбапе и Меси погодија во првата серија, за Франција промашија Коман и Чуамени, следуваа голови на Дибала, Паредес и Монтиел за Аргентина која стигна до триумф.