Еурофарм Пелистер се засили со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси

Еурофарм Пелистер информираше дека дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси.

До официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија.

„Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член“, се вели во соопштението на РК Еурофарм Пелистер.