Еурофарм Пелистер 2 го доби Алпла Хард, вицешампионот на Австрија во квалификациите ЕХФ Европската лига

Ракометарите на Еурофарм  Пелистер 2 го добија противникот во квалификациите за ЕХФ Европската лига во првото коло.

Тимот од Битола предводен од Александар Јовиќ за противник го доби Алпла Хард од Австрија, кој заврши како втор во минатата сезона.

Првото коло од квалификациите ќе се игра на 27/28 август а реваншот на 3/4 септември.