Еурофарм Пелистер е задоволен од ждрепката, тренерот Валтер смета дека има еден фаворит

Еурофарм Пелистер денес ги дозна противниците за новата сезона во Европа лигата на ЕХФ.

Битолчани се задоволни од ждрепката, германскиот Фуске Берлин е фаворит за првото место.

Д ГРУПА:

ФУКСЕ БЕРЛИН (ГЕР),

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МКД),

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ (УКР),

БИДАСОА ИРУН (ШПА),

АРХУС (ДАН), 

АГУАС (ПОР)

Тренерот Ларс Валтер за противниците со свое видување пред стартот на сезоната. 

Задоволен сум од ждрепката. Еден тим отскокнува од останатите, тоа е Фуксе Берлин. Останатите екипи можам да кажам дека се блиску до нашето ниво. Многу важно ќе биде да се заобиколат повредите, бидејќи ќе играме многу натпревари секоја недела. Ако сме здрави и ако продолжиме да напредуваме, имаме добри шанси да ја минеме групата. 

Архус има три искусни ракометари: плејмејкер, лев бек и пивотмен. Исто така имаат добар дефанзивец, а и одличен голман. Останатите се млади момци, многу трчаат и играат типично скандинавски ракомет. Тежок ривал се, играат убав тактички ракомет. Верувам дека публиката ќе ни помогне, бидејќи тука е многу тешко за играње за скандинавските екипи“ - вели Валтер.

Капитенот Мирко Радовиќ, смета дека е важно како ќе фунционира Еурофарм Пелистер.

„Тешко е да се прогнозира дали сме задоволни или не. Многу работи ќе се знаат овие две недели. За нас најбитно е да мислиме само на себе. Екипата напредува од ден на ден и играме да ја поминеме групата и да направиме чекор понапред во споредба со минатата сезона. Групата е исполнета со квалитетни екипи, знаеме што значи еден Фуксе Берлин, со Бидасоа Ирун игравме во Лигата на шампионите пред три сезони, Мотор го познаваме... Сите противници се за респект, но ние во оваа пеколна атмосфера имаме за што да се надеваме. Очекувам пласман во следниот круг, но не сакам да поставував цели. Треба да се спремиме за првиот натпревар и чекор по чекор, натпревар по натпревар“ - вели Радовиќ.