Еурофарм Пелистер мисли на својата иднина, нов договор за македонскиот репрезентативец

Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со младиот  Емилијан Ѓорговски, има  20-години, игра на позицијата лев бек, а за клубот од Битола потпиша нов договор со важност до 2025 година.

 Ѓорговски ниграше за сите младински репрезентации на Македонија, сега е член на  сениорската репрезентација.

„Голема благодарност до екипата на Еурофарм Пелистер 2, со која имав голем напредок и потоа остварив голем успех и затоа потпишав за Еурофарм Пелистер. Наскоро почнува групната фаза на Европската лига и верувам дека ќе дебитирам. Со големо искуство е тренерот Ларс Валтер, многу учам од него и се надевам дека ќе созреам во професионален играч“ - рече Ѓорѓовски.