Еурофарм Пелистер падна, Вардар победи во Битола и ја одбрани титулата

Вардар запиша победа во Битола против Еурофарм Пелистер и е пред одбрана на титулата во домашниот ракометен шампионат.

Во атмосфера како некогаш, Еурофарм Пелистер не го издржа притисокот, потклекна во финишот и загуби од Вардар со 23-26.

Вардар сега има е на врвот на табелата со 23 бода, има еден повеќе од Еурофарм Пелистер.

Натпреварот донесе голема борба, драма, неизвесност, како во старите добри ракометни времиња, тимот од Битола не издржа и потклекна во последните минути од средбата.

На средбата кај победничкиот тим се истакна Куни Моралес со девет гола, Филип Талески во победата кај Вардар учествуваше со шест.

Обрадовиќ со пет и Граџан со четири гола беа играчите кои се истакнаа кај Еурофарм Пелистер.