Спорт // Спорт
Еурофарм Пелистер се раздели со двајца ракометари
РК Еурофарм Пелистер извести дека двајца ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот.
Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер 2 нема да го носат: Благојче Трајкоски и Милан Џукиќ.
Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство.