Еурофарм Пелистер со трансфер „бомба“, се засили со играч од Данска

Еурофарм Пелистер го претстави  новото засилување, застанува збор за Себастијан Хенеберг од Данска.

Клубот од Битола,  објави дека  данскиот ракометар  ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер до крајот на сезоната.

28-годишниот Хенеберг доаѓа во Битола од данскиот првак Алборг и игра на позициите лев и среден бек. Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите.

Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг, од каде што доаѓа во Битола. 

Неговото деби се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата Б на Суперлигата.