Еурофарм Пелистер замина на подготовки во Маврово

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги продолжија подготовките за сезоната 2022/23. Ларс Валтер и стручниот штаб утрово одработија тренинг сесија во Битола и потоа експедицијата на Еурофарм Пелистер замина на еднонеделни базични подготовки во Маврово. Таму пелистерци ќе минат седум дена и напорно ќе тренираат, без пријателски натпревари.

Повикани ракометари за подготовките во Маврово:

Голмани:

Урбан Лесјак

Марко Кизиќ

Леви крила:

Цветан Кузманоски

Гоце Ојлески

Бојан Маџовски

Леви бекови:

Руди Сери

Дејан Кукуловски

Емилијан Ѓорговски

Средни бекови:

Вилсон Дејвис

Павле Атанасијевиќ

Марио Танкоски

Десни бекови:

Усама Хосни (се приклучува директно во Маврово)

Павле Петровиќ

Мартин Велковски

Десни крила:

Мирко Радовиќ

Ненад Костески

Кружни напаѓачи:

Жарко Пешевски

Денис Васиљев

Дефанзивец:

Милорад Кукоски