Еве и зошто треба да добие „Оскар“: „Медена земја“- горчлив мед

Од првата сцена, јасно е за каква жена се работи - како што стои на работ на карпа, приближувајќи се кон див рој пчели без маска, Атиџе тивко го прави она што го правеле генерациите пред неа. „Половина за мене, половина за вас – принципот по кој фунционира и им остава на пчелите доволно за да ја преживеат зимата самостојно, е реченица во која е сместено сето чувство за заштита на животната средина, така што може да се преведе во - не земај повеќе од она што ти е неопходно.


Сè што имаш е она што си и она што им го даваш на другите

Дури и Сенека велеше дека повеќе страдаме во имагинацијата отколку во реалноста, па сигурно е дека страдањето на последниот чувар на диви пчели во Европа добива различни пропорции во главите на гледачите. Во стравот се сепак големите очи, а медитацијата за животот на Атиџе Муратова може да исплаши, особено оние што честопати ги свртуваат главите од непријатни работи, а во желба да„размислат позитивно“. Атиџе не мисли, Атиџеделува, живее со природа и во природа, во едно напуштено македонско село. Трошната куќа од камен е само засолниште во кое креветите се без душеци, при што светлината доаѓа само од огнот. Современиот човек би помислил дека тоа е доволна причина за очајот, но не и за Атиџе, кој и покрај се’, оди во пресрет на пчелите.

Пчелите на Атиџе живеат во склад со околината, а се’ додека во соседнта куќа не дојдат соседи од пеколот, сточари, семејство со десет деца. Тие се поставуваат наспроти неа како разлика, како контраст на нејзината самотија, но и за нејзината врска со природата. Тие доаѓаат како јавачи на апокалипса, да соберат мед, да палат пасишта и да ги згојат кравите. Нивната филозофија е „едно дете секоја година“, затоа што децата се богатство, и бесплатна работна сила. Тие јадат сè и газат сè пред себе, а нивните питоми пчели набрзостануваат убијци,главен показател за тоа како природата страда пред наездата на оние на кои им е потребно се’!

Режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска ни понудија медитација за екологијата, но и за осаменоста и храброста на жената чиј свет станува загрозен во моментот кога другите ќе влезат во него. Овој етнографски документарец е доказ дека страдањето е само недоразбирање, но недоразбирање што постои и е реално. Страдањето е исто така условво која Атиџе живее, надвор од социјалниот организам, од кој целосно се раздвојува во моментот кога се раскинува и последната врска со другите.

Бидејќи останува без мајка и‘, и ја дочекува зимата, а сточарите се враќаат од таму од каде што дошле, Атиџеостанува сама со мачки и кучиња. Во една од најмоќните сцени, таа трча низ пустото село со запален фенер и го брани своето куче против чопорволци. Во тој момент, јасно е колку храброст е потребно да сестои директно во мракот, додека завива она што урбаните лица ги нарекуваат ѕверови. Атиџе знае дека ѕверовите се нешто друго - оние кои не оставаат ништо на пчелите, но и покрај тоа таа со нив споделува храна и љубов кон музиката, и во тој момент „признава“ дека другите и‘ се потребни, и дека можеби би и‘ билополесно ако имала син.

Слободата е често во самотија, а Атиџе дава силен одговор на добро познатиот цитатеве ти слобода, а што ќе сториш со тоа?“ Без светлина, проточна вода и удобен кревет, на крајот и без мајка, таа покажува дека животот понекогаш е и опстанок, што не значи дека нема поезија во земјени подови, износена облека и ефтината боја за коса, а посебно кога дивиот рој пчели служат како саундтрак...

Текстот е дело на Милан Живановиќ