Еве како изгледаше невремето во Карловац- Хрватска: Се споија небо и земја

КАРЛОВАЦ - Силно невреме проследено со град вчера ја погоди Хрватска, поточно областа на Истра и Карловац.

Во текот на денот, во Истра имаше локални врнежи, но во попладневните часови времето се влоши и во Умаг каде од силниот ветар паднаа дрва, пишува Индекс.хр.

Паѓаше град со големина на орев, а оштетен е и дел од зградата на градското собрание, чиј кров беше распарчен од ветрот.

Според хрватските медиуми, невреме проследено со град најмногу го погоди Карловац. Денес се проценуваат материјалните штети.

Еве како тоа изгледаше: