Еве каков половен џип се продава кај нас: Од цената за глава ќе се фатите

Џиповите важат за едни од најсигурните возила. Автомобилската индустрија вложува многу во нивното создавање и денес можеме да видиме најразлични примероци кои воодушевуваат со перформансите.

Класифицирани се најчесто како луксузни, а луксузот ги подразбира сите погодности, од внатрешност како мини хотел до надворешноста со најфини линии. Затоа се и прилично скапи, посебно оние со таканаречена фул опрема. Секаде во светот држат цена, па и кај нас.

На нашите веб страници за недвижнини, кокретно на најгилемата- Пазар3, наидовме на фантастичен половен џип кој моментално се продава. И да, цената му е колку еден солиден стан во Скопје. Се работи за Јеep Grand Cherokee Long, Limited Edition.  (Погледнете го линкот)

Џипот е фасцинантен, со сите потребни елементи. Самата претставка Лимитирана едиција зборува за возило кое е ретко. А идниот сопственик би го имал по цена од 97.000 евра.

Извор и фото: Пазар3