Еве какви се едни од најскапите машки чевли во Македонија

Веднаш да кажеме за да не настане забуна! 

Луксузните брендови секаде се скапи и секаде каде што имаат свои продавници или како дел од мулти- бренд бутиците, држат висока цена! Тоа не е некоја новост, но мора да се знае дека токму ваквите високо рангирани брендови имаат и висок квалитет. Освен што го плаќаме името на брендот, тоа најчесто ни гарантира сигурност, комфорност, препознатливост... 

Во Македонија се продаваат вакви лимитирани парчиња или самиот бренд има претставништво. Ние ќе се задржиме на машките чевли. Интересно е тоа што на нивните интернет страници нема криење на цената! Се‘ е транспарентно, па ако некој е заинтересиран за купување, има целосно достапни податоци за производот. 

Едни од најскапите машки обувки кои монетално се продаваат кај нас се патики на Емпорио Армани. Веднаш по името насетувате дека не се работи само за обични патики. Армани е синоним на машката мода и еден од најценетите модни дизајнери на денешницата. Секое негово парче, било да се работи за костим, палто, јакна е скапо, многу скапо и секој не може да си ги дозволи. 

Патиките чинат 19.990 денари, а ги продава мулти- брендот City fashion.

Следни на листата се чевли на Hugo Boss. Овој бренд е олицетворение на врвен квалитет, чисти линии и беспрекорен дизајн, а има свое претставништво овозможено од компанијата Fashion group.

Чевлите се првокласни, чинат 19.990 денари, а еве како изгледаат:


Р.М.М