Eве кои намирници никогаш не ги јадел Никола Тесла
Сите се согласуваат дека Никола Тесла е еден од најплодните и најкреативните личности во човештвото. До крајот на својот живот, со голема енергија работел на своите проекти.
Во едно интервју од 1933 година, тој ги открива навиките поврзани со исхраната
„Пред се, ние јадеме премногу. Јадеме погрешна храна и пиеме погрешни течности. Најмногу штети придонесува предјадењето и недостатокот на вежби, што предизвикува токсична состојба во телото и оневозможува отфрлање на акумулираните отрови, вели Никола во интервјуто.
Тесла пиел многу вода и млеко, се грижел за својот стомак.
„Зошто да го преоптерувате телото кое ви служи? Јадам два пати дневно и ги избегнувам сите намирници кои создаваат киселина. Многу ретко јадам овошје, риба и месо. Иако рибите се добри за мозокот, тие предизвикуваат киселина поради големото количество на фосфор. Киселината е најголем непријател на нашиот ораганизам, вели Тесла.