Еве што ѝ рекол Лиам Нисон на Наташа пред да ја исклучи од апаратите: Тоа што го направи со нејзините органи е шок

По смртта на сопругата, Лиам Нисон одлучил да биде самохран родител на своите синови и никогаш не ја заборави својата голема љубов Наташа Ричардсон

„Еј, паднав на снег“, биле само наивни зборови кои не ја предвидиле несреќата што ќе следи. Лијам Нисон имал 59 години кога починала неговата сопруга Наташа, а за неговата животна одлука потоа прочитајте во продолжение.

Лиам и Наташа имаа љубовна приказна која беше предодредена од самиот почеток. Нивните патишта се вкрстиле за време на снимање и љубовта се случила на прв поглед. Но, оваа љубов немаше среќен крај.

Нивните животи се смениле преку ноќ по одморот каде Наташа доживела тешка несреќа, што резултирала со тешка повреда на мозокот, пишува nowiveseeneverything.club. 

Наташа му се јавила на сопругот и му рекла: „Драги, паднав во снегот“ додека ја возела Брзата помош.

Иако ситуацијата била сериозна, Наташа првично воопшто не сакала лекарска помош мислејќи дека повредата не е страшна.

Сепак, падот имал многу посериозни последици отколку што таа првично мислела. Три часа подоцна, таа итно била пренесена во болница, но исходот бил фатална повреда на мозокот. За жал, не можеле да ѝ помогнат.

Кога Лиам ја примил веста за состојбата на Наташа во болница, тоа било неверојатно потресен момент. Тој побрзал да биде покрај неа, но за жал мозокот веќе ѝ бил мртов.

И покрај малите шанси за успех, Нисон имал голема желба да ја одведе Наташа дома за децата и семејството да се простат од актерката.

Последната желба на Наташа била нешто за што и двајцата се договориле претходно. Имале договор дека ако некој од нив некогаш заврши во вегетативна состојба, другиот да го „исклучи прекинувачот“ за да спречи бескрајно страдање.

Сеќавајќи се на нивните последни моменти заедно, Нисон во една прилика изјави: „Ми рекоа дека мозокот е мртов. Но, очигледно таа била на апарати за одржување во живот и слично. Тогаш не остана ништо друго освен да се збогуваме. И отидов кај неа и ѝ кажав дека ја сакам. Реков: „Душо, нема враќање назад. Силно си ја удирила главата. Не знам дали можеш да ме слушнеш, но тоа е тоа, сè помина“.

Иако тоа било најлошото нешто, Лијам решил да ја почитува нејзината одлука и решил да ги исклучи машините. Тој и ги донирал срцето, бубрезите и црниот дроб.  И верувал дека со дарување органи, некому ќе му даде втора шанса за живот.

До денес ја оплакува сопругата. По неа, тој никогаш не се ожени, но и никогаш не бил виден во друштво на дама.

„Редовно тагувам по неа, цело време го посетувам нејзиниот гроб“.

Лијам Нисон тогаш одлучил дека ќе биде самохран татко и дека ќе се посвети што повеќе на своите деца и кариера, и го направи тоа.


Фото: Youtube - screenshoot

Извор: стилкурир