Еве ви одлично место за летување: Бимани
Магичната вила „Bimini Resort & Residences“ ви ја претставува приватна оаза на Бимини...
Ова одмаралиште се наоѓа на прекрасно место на Бахамите и претставува совршен ресорт со дијазн кој го креираше најславната развојна компанија „Island Developers“.
Вилата „Bimini Resort & Residences“ всушност се наоѓа на трите приватни острови северно од Бимини, остов кој е дел од Бахамите, а кој е најблизу до САД. Одмаралиштето има своја прекрасна приватна плажа, како и првите апартмани во стил на бунгалов, над водата на Бахамите. Елегантниот и еко-френдли ресорт може да ви понуди 54 резиденцијални вили, со три или четири спални соби, како и бутик хотел со 49 соби.
Гостите и жителите на ова одмаралижте ќе можат да се одмараат во овој приватен рај, а притоа да не пропуштат никакви модерни луксузи и погодности. Вилите, чија цена се движи од 950.000 долари, доаѓаат со огромни прозорци од подот до плафонот, дрвени текстури, отворени тераси и базени.
Во понудата ќе бидат вклучени и услуги за патни аранжмани, резервации во рестораните и на други места, додека најсреќните ќе имаат и приватен готвач, лични тренери и луѓе кои ќе водат сметка за нивните куќни миленичиња.