Еве за што размислуваат луѓето по оргазам: Некои за храна, други за Барак Обама-нема да верувате што сѐ им паѓа на ум!
Ако некогаш сте се запрашале што мислат луѓето после оргазмот, еве го одговорот!
На што мислите додека водите љубов? А што е со откако ќе доживеете оргазам? Ќе се согласите дека тогаш може многу нешта да ви поминат низ главата, а ова се неколку примери за што размислуваат луѓето на Редит по кулминацијата. Некои целосно ќе ве воодушеват, додека други ќе ви насмеат до солзи.
Генерално, редовниот секс, а со тоа и оргазмот, имаат бројни здравствени придобивки. Потоа се ослободуваат големи количини допамин, хормонот на среќата, а исто така оргазмот поволно делува на срцето, го зголемува дотокот на кислород во мозокот и го намалува стресот.
Само еден корисник на Редит праша што е првото нешто на што луѓето мислат по оргазам, по што следеа секакви необични одговори:
„Поранешниот американски претседател Барак Обама ми падна на ум откако заврши кулминацијата“, напиша еден корисник.
„Колку сум гладен“, одговорил друг.
Додека некој размислуваше како да го исчисти нередот после односот, имаше и такви кои едвај чекаа да одат во тоалет.
„Размислував кој повеќе моча, тој или јас? Можеби и двајцата треба да одиме во тоалет, но кој ќе оди прв?“, гласеше размислувањето на еден корисник.
Некои, сепак, се чувствуваат целосно возбудени и полни со енергија откако ќе доживеат оргазам:
„Се чувствувам како да сум единствената личност овде која целосно се буди после оргазам. Тоа е како кафе“.
А што е со вас? За што размислувате вие?