Еве зошто не смеете да ги кубете влакната од носот

Многу мажи ги кубат предолгите влакна од носот, но докторите предупредуваат: тоа никако не смеете да го правите…
Нема ништо понепријатно од тоа кога од носот ви ѕиркаат долги, црни влакна. Тоа може да го нагрди и најзгодниот маж на планетата, па токму затоа многумина земаат пинцета и ги чупаат влакната од носот.
Сепак, тоа е погрешен пристап кој може сериозно да го наруши вашето здравје. Влакната во нашите носеви постојат со причина – тие се природен филтер кој го прочистува воздухот, ја намалува количината прашина што навлегува во дишните патишта и ги задржува штетните микроорганизми, спречувајќи ги да нè заразат.
Кога ги чупате влакната, вие го оштетувате и го намалувате тој заштитен филтер, со што го зголемувате ризикот од инфекции и заболувања.
Она што можете да го направите е со тример да ги скратите само врвовите на влакната – за да не се гледаат од ноздрите – но никако не ги кратете до корен. Оставете ги влакната да постојат внатре во носот, бидејќи само така ќе бидете заштитени и здрави.