Европа воодушевена од Констракта: „Респект за Србија која не се плаши да тргне по својот пат на Евровизија“
Констракта синоќа ѝ обезбеди на Србија пласман во финалето на Евровизија, а многумина ширум светот се воодушевени од талентираната уметница и од она што го прикажа во Торино.
На Твитер може да се најдат многу позитивни коментари, а многумина Срби, кои живеат по светот ги пренесуваат зборовите на Германците, Американците, Швеѓаните и други, коментатори кои ја пофалија Констракта во програмата во живо.
Корисникот на Твитер Немања Рујевиќ сподели: „Германскиот коментатор ја пофали Констракта, може да се каже дека ја испочитува максимално“, а потоа следеа твитови: „Досега никој никого не пофалил толку многу“, „А Швеѓанскиот коментатор, додаде - Србија не се плаши да тргне по својот пат на Евровизија“, исто и Американскиот, кој постојано повторувал како Американците не можат да учествуваат во гласањето, итн.
Констракта вчера настапи под реден број 3, а публиката во арената аплаудираше и со неа ја пееше песната „In Corpore Sano“ и стиховите: „ Srce samo kuca, dajem poverenje, neka samo kuca! Biti zdrava, biti zdrava...“
Констракта, или Ана Ѓуриќ, ќе ја гледаме во финалната вечер, 14 мај, каде по повеќе од деценија и пол ќе се обиде да ја донесе „Евровизија“ во Србија.
За ќал, нашата претставничка Андреа не успеа да влезе во финалето на Евровизија 2022, иако отпеа феноменално.
Фото: Printscreen