Евротип, Голд Слот, во соработка со Минт Инс Осигурителен Брокер иницијатори на средба за дополнителен приход на вработените низ групациско здружување
Како дел од своите редовни деловни состаноци, менаџерскиот тим на КС Групацијата во чиј составен дел се компаниите Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн, одржа средба со цел запознавање со новитети во своето работење и презентација на идните планови на делување во областите кои се примарни дејности на компаниите.
Како компании кои постојано се грижат за кариерниот напредок на своите вработени и нивна постојана мотивација на работното место, на одржаниот состанок беа истакнати бенифициите кои ним им се нудат, со посебен акцент на дополнителните финансиските придобивки за сите вработени.
За таа цел, на средбата со менаџерите беа промовирани новите поволности кои секој еден вработен во КС Групацијата може да ги искористи и слободното време да го претвори во пари.
Своја презентација на состанокот одржа генералниот менаџер на Евротип како и претставници на партнерските компании Минт Инс, СН Финансиско друштво и ЈК Травел, кои заедно со останатите компании дадоа нови можности за сите вработени во КС Групацијата.
Заеднички заклучок од одржаната средба на присутните менаџери од КС групацијата беше дека човечкиот ресурс и вложувањето во напредокот и мотивацијата на вработените е приоритет на секоја компанија. За таа цел во наредниот период залагањето ќе биде продлабочување на соработката меѓу компаниите која ќе придонесе за што поголем финансиски бенефит на вработените.
ПР објава