Евровизија заврши, но страстите не стивнуваат: На мрежите тврдат дека победата на Шведска била наместена
Швеѓанката со мароканско потекло, Лорин (39) по вторпат
победи на овогодинешниот Евросонг со песната „Tattoo“. И во 2012 година победи на истиот музички натпревар кога нејзината
песна, која е популарна и денес, „Еуфорија“ освои најмногу гласови.
Додека некои се воодушевени од изведбата и мислат дека Лорин заслужено победила, некои веруваат во теории на заговор.
Евровизија следната година ќе се одржи во Шведска, точно 50 години откако АББА победија со песната „Waterloo“. Ова ги наведе гледачите да помислат дека целиот натпревар е наместен.
„Лорин победи, а Абба ќе настапи следната година во финалето затоа што поминаа 50 години од победата“, „Лорин всушност е плагијат на Абба „The winner takes it all“ како и „Flying free“ на Понт Аерис, како е можно никој ништо да не кажи?“, „Оваа година проблемот е поради 50-годишнината на Абба. Дали сето ова е наместено?“, „Абба пред 50 години, ова е втора победа на Лорин, кажи ми дека не беше планирано“ – се пиша на Твитер.
Лорин дури четири пати се обиде на натпреварот да ја претставува Шведска на Евровизија. Првиот пат беше во 2011 година со песната „My heart is refusing me“ кога не се пласираше во финалето, потоа во 2012 година кога победи, потоа во 2017 година со песната „Statments“ и во 2023 година со „Tattoo“.
Досега земја со најмногу победи на Евровизија беше Ирска, која победи во 1970, 1980, 1987, 1992, 1993, 1994 и 1996 година. Лорин и ја обезбеди седмата победа на Шведска, израмнувајќи се со досегашниот рекордер, пишува 24сата.хр.
Првата победа Швеѓаните ја постигнаа во 1974 година со песната „Waterloo“ на групата АББА, која стана еден од најголемите хитови во историјата на ова натпреварување. Други победи на оваа земја беа во 1984, 1991, 1999, 2012 и 2015 година.
Фото: Youtube