Мислите дека колата ви троши повеќе гориво во текот на зимата: Автомеханичар објаснува дали тоа навистина се случува
Зимата не влијае само на луѓето, туку и на автомобилите. Кога температурата ќе падне под нулата, потрошувачката на гориво може да порасне и до 20%, предупредуваат експертите од „Мишелин“.
Иако производителите ги развиваат возилата да работат во сите услови, ниските температури сепак го менуваат начинот на кој функционира моторот.
Според податоците на „Мишелин“, при –5 °C автомобилот во просек троши околу 10% повеќе гориво отколку на 20 степени. Во градска возење, каде моторот постојано се пали и гаси, зголемувањето може да биде уште поголемо.
Причината е едноставна – моторот во зима има потреба од повеќе време за да се загрее и да ја достигне својата идеална работна температура. Во првите минути од возењето, во моторот се вбризгува повеќе гориво за да се постигне истиот ефект како при потопло време.
Дополнителен фактор се системите како грејачот на стаклата, климата и другите електрични уреди, кои ја зголемуваат потрошувачката.
И моторното масло страда од студот – на ниски температури го губи дел од своето мазивно својство, па триењето меѓу деловите се зголемува, што бара повеќе енергија за работа.
Дополнителен проблем е кондензацијата на влага во резервоарот, особено ако не е целосно полн. Таа може да влијае на квалитетот на горивото. Исто така, студениот воздух го намалува притисокот во гумите, што го зголемува триењето со подлогата и потрошувачката на гориво.
Експертите советуваат возачите редовно да го проверуваат возилото, да ги допумпуваат гумите на препорачан притисок и да го остават моторот кратко да се загрее пред тргнување.
Извор / Freepik