EXTREME SKY: Парфем за мажи кои сакаат да го освојат целиот свет
Мајкл Корс го претстави неодамна машкиот мирис во својата колекција Екстрем…
Оваа линија веќе ги има Extreme Blue, Extreme Night, Extreme Rush, Extreme Speed , додека најновата креација е Extreme Sky. Според овој бренд, парфемот е создаден за бестрашни кои имаат сè што ќе посакакаат и не знаат за граници. Овој мирис и пркоси на гравитацијата, а е наменет и за мажи кои сакаат да го освојат целиот свет и да го набљудуваат од птичја перспектива.
„Дрвенесто- водената мешавина ќе ве однесе до врвот на нашиот свет и ќе ве остави без здив“, се наведува во официјалниот опис на мирисот. Комбинацијата на ледени зачини со мраз и енергичен бергамот, заедно со озонските арорти, создава доза на адреналин која совршено ги потенцира племенските и богати дрвени ноти од кипарис, кедар, смрека и ветивер. Во неговото јадро, парфемот е составен од основни ноти на елегантен ветивер, кој е опкружен со мазни, мускатни ароми.
Новиот парфем Michael Kors Extreme Sky е достапен во варијанти на Eaux de Toilette од 40, 70 и 120 ml.