ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

„Ај Стаил“, „Ледиком“, „Антариас“ и „Мобеликс“ се најпопуларни продавачи во Македонија на мобилни телефони, таблет комјутери, лаптопи, најчесто производи од Apple и Samsung, но и модели на Google Pixel и Xiaomi.

Станува збор за компании кои поседуваат мрежа од премиум мобиларници, а инаку треба да се каже дека истите уреди преку своите филијали ги продаваат и големите телеком оператори. Само кај нив се свртеле 14,5 милиони евра од купувачите.

„Ледиком груп“ од Чаир има изразито најголема добивка, „Ај Стаил“, иако од Штип, продава мобилни телефони во најпопуларните скопски молови и има убедливо најголема добивка. Со нив се носи и „Мобеликс“ со седиште во Кисела Вода, кој има добра заработка со оглед на далеку помалите приходи. По приходи конкурентен е и „Антариас“. 


Продолжува на фактор.мк