Фановите уживаа во виралното видео од тажниот Пике, додека свири одмзадничката песна на Шакира: Ова ги насмеа сите, а еве која е всушност вистината (ВИДЕО)

Шакира и Пике вчера го прославија својот роденден. Таа наполни 46. Тој 36.

И додека сите нетрпеливо чекаат да дознаат дали Шакира навистина му подготвила уште една одмаздничка песна на својот поранешен љубовник како роденденски подарок во дует со својата сонародничка Карол Џи, наводно видео на славниот фудбалер на трибините, видно засрамен, ја слуша песната во која неговата поранешна, Шакира максимално го навредува.

Сите погледи на присутните на еден натпревар во НБА, каде што е снимена наводната снимка, во тој момент беа насочени кон Пике, луѓето пееја со цел глас, го исвиркуваа фудбалерот, му се смееја, а тој пиеше газиран пијалак и се обидуваше да сокрие колку му било непријатно, се чувствува, но не успеал, бидејќи како би успеал да остане имун на текстот во кој секој збор му е посветен на него - прељубникот.

А јавност, барем повеќето се на страната на пејачката. Додуша во песната има делови каде што ја споменува и мајка му.

Но, да се вратиме на наводната снимка која дефинитивно предизвика бурни реакции кај нашите на Твитер, а бидејќи сме познати по инает, не е чудно што описот на видеото на засрамениот Пике е: „Количината на серотонин ова видео ми дава аххх ". Имаше и коментари кои гласеа: "Од утре ова ќе го играм секое утро за добар почеток на денот".


Иако многумина првично се посомневаа дека се работи за монтажа, се покажа дека снимката е оригинална и реална, а толпата јасно се слуша како ги пее репликите во кои фудбалерот е директно „повикан“ за „замена на ролекс за касио - ферари за твинго". Како и дека „таа вреди задве 22-годишни девојки". Шакира, инаку, според светските медиуми подготвува уште една одмазда на популарниот фудбалер. Овој пат таа беше инспирирана од пејачката Мајли Сајрус, која 33-от роденден на поранешниот сопруг Лијам Хемсворт го зачини со новата песна „Flowers“.

На новата песна, која ќе биде роденденски подарок за Пике, Шакира соработувала со колумбиската ѕвезда Карол Џи. Спотот го снимиле за само два дена, а работеле по 15 часа дневно за се‘ да биде подготвено на време, тврди новинарот во подкастот „Мамараци“.

Потсетуваме дека на Шакира многу и пречи новата врска на екс-фудбалерот на Барселона со 23-годишната Клара Чиа Марта, која претходно работеше во негова компанијано Пике им стави до знаење на сите дека нема намера да ја крие новата врска, па неодамна на Инстаграм профилот постави заедничка „вљубена“ фотографија со новата избраничка.


Фото: Youtube - screenshoot