Фатална жена и „јадачка на мажи“: Која е Амбер Херд?

Во последните неколку недели, сите светски медиуми брмчат за Амбер Херд, која се најде на обвинителна клупа откако нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп ја обвини дека лаже за семејно насилство и сега бара од неа отштета од 50 милиони долари. Џони Деп, неговите соработници, блиски пријатели и семејството сведочеа во судот во изминатите денови, а беа изнесени десетици докази против актерката, која со Деп беше во брак две години.

Пред судот сведочеше и психологот Шенон Кари, тврдејќи дека Амбер Херд има две растројства на личноста: гранично и хистрионско растројство.

И самата Амбер сведочеше на судењето, обидувајќи се да докаже дека насилството навистина се случило и дека таа е жртвата, а не сторителот.

Џони Деп фатално се заљубил во неа

Џони Деп фатално се заљубил во Амбер Херд во 2012 година на сетот на „Дневникот на румот“.

„Таа беше прекрасна на почетокот. Ја знаеше целата нејасна блуз музика што ја слушав. Првата година се‘ беше совршено. Ја викав Слим, таа ме викаше Стив", рекол Џони на суд за својата поранешна сопруга. На почетокот на нивната врска таа беше актерка во подем, а медиумите често ја нарекуваа фатална жена и „јадачка на мажи“.

Во 2016 година, Амбер беше прогласена за најубаво лице на светот од експертите за мапирање на лице. Тогаш беше појаснето дека нејзиното лице се совпаѓа 91,85 отсто со грчкиот златен пресек на убавицата Фи, кој илјадници години се сметаше за тајна формула на совршенство.

На Амбер сигурно нема да ѝ помогне на судењето тоа што во 2009 година беше приведена поради насилство. Ја претепа својата поранешна девојка Тасја ван Ри на аеродромот во Сиетл. Тасја повикала обезбедување, а Амбер била уапсена поради семејно насилство. Девојките наводно влегле во жестока расправија пред патувањето и Амбер ја удрила Тасја и ја фатила за рака. Херд беше приведена и следниот ден однесена на суд.

По турбулентниот брак со Џони Деп, Амбер стапила во кратка врска со Илон Маск кој се заљубил во неа. По нивната разделба, тој јавно молеше за љубов.

Амбер Херд глуми од 2003 година

Амбер Херд се занимава со глума од својата осумнаесетта година. Првата филмска улога ја имаше во спортската драма Friday Night Lights. Во 2006 година, таа глуми во хорор филмот Сите момчиња ја сакаат Менди Лејн, а потоа и во серијата Скриени палми.

Таа го привлече вниманието на јавноста во 2008 година со споредните улоги во акционата драма „Никогаш не се враќај надолу“ и комедијата „Ананас експрес“. Амбер моментално е најпозната по улогата на Мере во Аквамен. Херд пораснала во католичко семејство и признала дека станала атеист на 16-годишна возраст откако нејзината пријателка била убиена. Во 2010 година, на прославата на 25-годишнината од ЛГБТ организацијата GLAAD, таа јавно се изјасни како бисексуалка.


Фото: Профимедиа