Фаталната Татјана го планирала убиството на сопругот, за злосторството подготвила да плати 2 милиони долари: Денес не личи на себе
Во судскиот документ пишувало дека страдала од „екстремен финансиски стрес“
На интернет се појави првата затворска фотографија на Татјана Ремли (43) која признала дека се обидела да изнајми платен убиец за нејзиниот сопруг Марк (57).
Поранешната манекенка сакала да позира во тесна гардероба и секси долна облека, а денес изгледа непрепознатливо, пишува New York Post.
Glamorous 'murder-for-hire' equestrian Tatyana Remley, 43, is sentenced to almost four years in prison in shock plea deal after hiring hitman to kill estranged husband for $2 million. pic.twitter.com/ahameSYsOC
— The Gorilla (@iGorilla19) January 2, 2024
Таа неодамна беше префрлена од затворот во Сан Диего во државниот казнено-поправен дом во Чоучила, а нејзината фотографија (т.н. mugshot) е направена на 17 јануари.
Потсетуваме, Татјана се омажи во 2011 година, а Марк пред да се ожени на сметка имал 25 милиони долари, вила, луксузни автомобили...
Сепак, парот имаше проблеми со текот на времето и конечно се разведе во мај 2023 година.
Foto: California Department of Corrections and Rehabilitation
По разводот, Татјана тврдеше дека била силувана со пиштол, а Марк ја обвини дека запалила една од куќите што ги делеле.
Проблеми имаше и со трошоците за живот. Во судскиот документ пишувало дека Татјана страдала од „екстремен финансиски стрес“.
Иако првично добивала 50.000 долари месечни трошоци, судот на крајот ја намалил таа сума на 12.000 долари.
Подоцна, Татјана побарала познаник да и помогне да го најде убиецот за нејзиниот сопруг. Таа била подготвена да плати два милиони долари за злосторството и отстранувањето на телото.
Меѓутоа, личноста која планирала да ја вработи отишла кај нејзиниот поранешен сопруг, кој веднаш повикал полиција.
Во договор со надлежните, на Татјана и била поставена стапица, а таа наседнала на неа.