Фазлагиќ: Оваа репрезентација покажа дека може да прави големи нешта

Македонија ги започна подготовките за четирите дуели во јуни во Лигата на нации, Енис Фазлагиќ е дебитант во составот на Благоја Милевски.

„Задоволство е и чест да се биде дел од нашата најдобра репрезентација. Сме работеле за тоа цел живот и се спремаме нормално максимално да го дадеме најдоброто на следните натпревари.  Овој тим покажа дека може да прави големи нешта, јас ги следев и навивав за Македонија и за нив. Верувам дека постарите играчи во овој тим ќе нè научат нас помладите на многу работи“, изјави Фазлагиќ.

Македонската фудбалска репрезентација ги започнува подготовките за претстојните четири средби во јуни во Лигата на Нации – Ц сектор, група 4, гостуваме кај Бугарија (2. јуни) и Гибралтар (6. јуни), а во Скопје доаѓаат Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни).

Тренинзи на македонската А репрезентација:

Денес – 18:00

Петок – 18:00

Сабота – 18:00

Недела – 11:00

Понеделник – 18:00

Сите тренинзи се на ФФМ.