Фазлагиќ: Секако дека веруваме, можеме да бидеме први во групата по дуелите со Грузија и Бугарија
Македонија ги започна подготовките за дуелите со Грузија во Тбилиси на 23 септември и Бугарија во Скопје на 26 септември.
Енис Фазлагиќ се надева на прво место во групата и поволна разврска по мечевите со Грузија и Бугарија, потребни се две победи но и кикс на Грузија против Гибралтар.
„Секако дека мораме да веруваме дека можеме да бидеме први во групата, размислуваме за победа на двата натпревари. Нормално, знаеме дека Грузија е квалитетен противник и не сакаме да се залетуваме, но мора максимално да се подготвиме и на натпреварот да пристапиме со сериозен пристап. Грузија е на прво место во групата и доволно кажува за квалитетот на оваа репрезентација, имаат добар ростер, ни покажа и во Скопје, мора да бидеме поконкретни во нападот за да дојдеме до посакуваните три бода“, изјави Фазлагиќ.
ВИДЕО:
https://twitter.com/dribling2021/status/1571912650338013184