Федерер ја заврши кариерата, моето тело едноставно веќе не може да издржи...
Роже Федерер, кој е освојувач на 20 гренд слем титули, и еден од најдобрите тенисери на сите времиња, објави дека се повлекува од професионалниот тенис.
Швајцарецот има долга пауза, нема играно од ланскиот Вимблдон, по кој третпат го оперираше коленото, вели заминува во пензија.
„Последните пораки од моето тело беа јасни. Одиграв повеќе од 1.500 мечеви за 24 години. Сега мора да си признам дека ова е крај на мојата натпреварувачка кариера. Тенисот е мојата љубов и никогаш нема да го напуштам“, напиша Федерер на Твитер.
Федерер на свои 16. години дебитираше на големата тениска сцена, 1998, а првата гренд слем титула ја освои на Вимблдон во 2003. Последниот голем Гренд слем турнир го освои во 2018 година, на Отвореното првенство на Австралија.
На првото место на АТП-листата првпат беше во 2004 година, вкупно 310 недели беше на врвот.
Федерер својот последен настап ќе го има на Купот Лејвер, почнува на 23 септември, и тоа во друштво на Ѓоковиќ, Надал и Мареј, неговите најголеми ривали во кариерата.