Ферари за Твинго: Шакира со песна му „објасни“ сѐ на Пике (ВИДЕО)
Новата песна на
Шакира, во која колумбиската музичка ѕвезда го исмева својот поранешен партнер,
фудбалерот Жерар Пике, за два дена достигна повеќе од 88 милиони прегледи на YouTube.
Ова ја прави најгледаната нова латино песна во историјата на платформата.
Шакира и Пике, коj играше за Барселона, Манчестер Јунајтед и шпанската репрезентација, се разделија минатата година по повеќе од една деценија и имаат две деца.
Поранешниот фудбалер (35) потоа започна врска со 23-годишната Клара Чиа.
Во новата песна Шакира (45) пее: „Вредам како две 22-годишни “, додавајќи: „Замени Ферари за (Рено) Твинго, замениРолекс за Касио“.
Таа, исто така, пее „волчица како мене не е за почетници“ и предлага нејзиниот поранешен љубител на теретана да потроши „малку време да го тренира и неговиот мозок“.
Фото и Видео: Youtube