Ферстапен победи, болидот на Леклер „застана“

Макс Ферстапен е победник на трката за ГН на Шпанија која се возеше на „Каталуња“, пракитчно еден два победа на  возачите на Ред Бул.

За Ферстапен ова е четвртата победа  сезонава од вкупно  шест трки, тој  имаше голема среќа бидејќи конкурентот, Шарл Леклер се откажа во 27. круг од денешната трка кога неговиот мотор „застана“.

Чеко Перез заврши како втор, додека на победничкиот пиедестал  место имаше и  за Џорџ Расел кој заврши како трет.


Ферстапен сега има 24 победи во кариерата, и се искачи на првото место во генералниот пласман кај возачите со 110 бода, шест помалку на второто место има  Шарл Леклер.

Следната трка се вози низ улиците на Монако.