Ферстапен тргна од 10-та позиција и победи за ГН на Унгарија

Макс Ферстапен од Ред Бул, актуелниот шампион,иако  стартуваше од 10-та позиција на Хунгароринг, трката ја заврши на победничкото место на пиедесталот.

Актуелниот првак во Ф1, ја запиша 28.  победа во кариерата.  Луис Хамилтон заврши на второто место, а Џорџ Расел на третата позиција .

По трката за ГН на Унгарија,  води Ферстапен со 258 бодови, пред Леклер (178) и Перез (173). 

Следната трка е на програмата на 28 август со Големата награда на Белгија.